Странците изнеле 33,6 милиони евра профит

Bez autora
Jul 01 2012

Драстичен пад на директните странски инвестиции во земјава. Во април годинава странските компании од земјава изнеле 33,6 милиони евра профит и ги префрлиле во матичните компании. Податоците на Народната банка покажуваат дека првиот квартал земјава го завршила со странски инвестиции од 64,2 милиони евра, или речиси 3,5 пати помалку од лани кога во истиот период во земјава влегле околу 201,9 милион евра. Ако се одземат акционерскиот капитал и реинвестираната добивка на странските компании во април годинава, статистиката покажува дека во првите четири месеци од годинава во земјава влегле само 30,6 милиони евра странски инвестиции, што е за над 80 отсто помалку споредено со истиот период лани, кога влегле 179 милион евра странски инвестиции.

Странците изнеле 33,6 милиони евра профитДрастичен пад на директните странски инвестиции во земјава. Во април годинава странските компании од земјава изнеле 33,6 милиони евра профит и ги префрлиле во матичните компании.

Податоците на Народната банка покажуваат дека првиот квартал земјава го завршила со странски инвестиции од 64,2 милиони евра, или речиси 3,5 пати помалку од лани кога во истиот период во земјава влегле околу 201,9 милион евра. Ако се одземат акционерскиот капитал и реинвестираната добивка на странските компании во април годинава, статистиката покажува дека во првите четири месеци од годинава во земјава влегле само 30,6 милиони евра странски инвестиции, што е за над 80 отсто помалку споредено со истиот период лани, кога влегле 179 милион евра странски инвестиции.

Податоците од Народната банка покажуваат дека во април има поголем одлив од прилив на странски капитал, поради што нивото на странски инвестиции од 64 милиони евра до март, во април падна на 30, 6 милиони евра.

Ланската година ја завршивме со 303 милиони евра директни инвестиции, а Владата во економска програма за годинава очекува во земјава да влезат директни инвестиции тешки 350 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik